Дома Фудбал Италија „Болница“ во Милан: Гатузо против Јувентус без – десет фудбалери!

„Болница“ во Милан: Гатузо против Јувентус без – десет фудбалери!

„Росонерите“ се соочуваат со проблеми пред еден од најтешките натпревари во сезоната.

Големи проблеми за Џенаро Гатузо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ремито со Бетис вчера и не е тоа што најмногу ги загрижува навивачите, повеќе загрижуваат повредите тројца играчи пред продолжението од Серија А.

Милан во недела од 20:30 часот го пречекува Јувентус, а тренерот на Милан се уште не знае како ќе изгледа неговиот тим поради големи кадровски проблеми.

Во вчерашниот натпревар се повредија Мусакио, Чалханоглу и Кеси, така Милан стигна до бројка од 10 повредени фудбалери.

Калдара се уште не се опоравил од повредата, Конти се повреди на стартот од сезоната, Стриниќ и Калабрија исто така не ќе можат да помигнат.

Во средниот ред Милан ќе биде без услугите на Боновентура и Биља, а во нападот Игуаин не ќе може да го нападне својот поранешен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го урна рекордот за најголема заработка во историјата на италијанскиот фудбал

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во претходн…