Дома Фудбал Останато Богдановиќ ја објасни тајната за доминацијата на шпанските спортисти: Се започна пред 30 години…

Богдановиќ ја објасни тајната за доминацијата на шпанските спортисти: Се започна пред 30 години…

Фудбалскиот аналитичар Раде Богдановиќ зборуваше за успесите на Шпанија и нивните спортисти на големите натпреварувања откако вчера фудбалерите станаа европски шампиони, а Карлос Алкараз го освои Вимблдон.

Тоа беше шпански ден за паметење, а Богдановиќ смета дека пресудна е младоста и свежината на шпанските фудбалери во однос на нивните ривали, како и Карлос Алкараз против Новак Ѓоковиќ.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Реално гледано, ова беше денот на Шпанија. Едноставно младоста денеска победи. Без разлика што не боли нас како граѓани на Србија поради Новак Ѓоковиќ, но младите победија“, рече Богдановиќ.

Богдановиќ, кој дел од кариерата мина во Атлетико Мадрид и добро ги познава состојбите во шпанската држава и спорт, истакна дека не случајно што шпанските клубови, спортисти и репрезентацијата доминираат околу 20 години, а според него тоа е резултат на одлуката што беше донесена пред речиси 30 години во таа земја.

„Шпанија како земја победи, затоа што одамна го призна спортот, а тоа беше во 1995, 1996 година кога донесоа план за развој на спортот и сега им се враќа затоа што се грижеа за се. Од самиот почеток на развојот еден спортист, до крајот. Ова е резултатот“, рече Богдановиќ и додаде:

„Ова им е трета титула европски шампион од 2008 година,… Ќе продолжат да победуваат, талентирани се, го сакаат спортот, многу се скромни…“

Да потсетиме, Шпанија стана шампион на Европа во фудбал совладувајќи ја Англија во финалето со 2:1, додека Карлос Алкараз ја одбрани титулата на Вимблдон со триумфот во финалето против Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…