Kевин Принс Боатенг, често пати знае да биде во центарот на вниманието поради своите интересни изјави медиумите, па така беше и овој пат.
Боатенг во интервјуто за „Кикер“ откри интересни работи од неговата кариера, како и дека сакал да се прости од фудбалот кога Шалке го суспендирал поради слабите настапи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во еден момент си кажав себе си: Зошто да не? Заработив многу пари, поминав се и имам прекрасно семејство. Што повеќе можам да направам? Но овие мисли ми преовладуваа само два дена“, открива Боатенг.
Потоа фудбалерот кој ова лето направи трансфер во редовите на Ајнтрахт ги откри неговите планови за во иднина.
„Мојот сон сега е да им помогам на младите фудбалери. Не сакам да ги прават грешките кои јас ги правев во младоста. Кога имав 20 години сонував за други работи. Доколку бев искрен кон самиот себе, можеби сега го носев дресот на Реал Мадрид“, изјави Боатенг.