Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен до 2023 година, но изрази желба порано да го напушти гигантот од Минхен.
Левандовски објави дека одлуката да не ја прифати понудата за нов договор ја соопштил на клубот. Негова желба е да отвори ново поглавје во кариерата, најмногу се поврзува со Барселона, но ќе видиме што ќе се случува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истовремено додеке се „бара“ новиот клуб на Левандовски се пишува и кој би можел да биде негов наследник во Минхен, а поранешниот фудбалер на овој клуб, Жером Боатенг има предлог.
Според Боатенг идеална замена за Левандовски во Баерн би бил напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.
„Да сум во таква позиција веднаш би се обидел да го доведам Хари Кејн. За мене тој е комплетен напаѓач кој редовно постигнува голови за Тотенхем, тоа е добар тим, но не е светска класа. Ако игра за тим како Баерн мислам дека ќе биде уште подобар. Не знам како размислуваат во Баерн, но како што кажав за мене тој е идеална замена“.
Зборуваше Боатенг и за заминувањето на Левандовски.
„Нормално е фудбалер како него да сака да проба нешто друго поразлично. Во животот сите имам такви периоди. Мислам дека двете страни можат да се договорат без да се разделат на лош начин“, изјави Боатенг.