Дома Македонски спорт Мак фудбал Битка за полуфинале: Вардар му гостува на Пелистер во „вечното дерби“!

Битка за полуфинале: Вардар му гостува на Пелистер во „вечното дерби“!

Сезонава Пелистер и Вардар не се во иста лига, Вардар е во втората, додека битолскиот клуб е во првата, па купот беше единствена можност да го гледаме вечното дерби.

По двете одложувања, прво поради автобуската трагедија, потоа поради временските услови во Битола денес би требало да го гледаме „вечното дерби“.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Пелистер иако е во првата лига не може да се каже дека изразит фаворит затоа што битолчани се убедливо последни на табелата без ниту една победа во полусезоната. Од друга страна Вардар е третопласиран во втората лига на Западот.

Неодамна во Пелистер оставка си поднесе Димитар Капинковски, па тимот влегува во натпревар без перманентен тренер. Вардар пак во битката за кам-бек во првата лига доживеа два удари пред две седмици откако беше поразен од лидерот Силекс и главниот конкурент за место во баражот тимот на Воска. Од тие натпревари избраниците на Глигоров врзаа три победи со Велешта, Беаа и Кадино, па за нив одложувањето можеби и дојде во добар момент.

Како и да е, и едните и другите играат тешки сезони, па затоа пласман во полуфиналето е од големо значење за двата тима.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…