Дома Топ вести „Бисерот“ на Рома се сели во Тотенхем

„Бисерот“ на Рома се сели во Тотенхем

Николо Заниоло оваа сезона е најголемо откритие во Серија А и го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

20-годишниот офанзивен играч за врска минатото лето пристигна во Рома и во својата прва сезона на „Олимпико“ буквално „експлодира“ па дури и доби повик за италијанската репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Цената на Заниоло вртоглаво порасна оваа сезона, а Италија се чини конечно доби играч кој ќе може да блеска во репрезентацијата во наредните десетина години.

Во моментов Заниоло преговара со Рома за нов договор, кој ќе биде финансиски далеку подобар од актуелниот, но на маса има и понуди од Јувентус и Тотенхем.

„Спарси“ во него гледаат идеален наследник на Кристиан Ериксен, а италијанските медиуми тврдат дека се блиску до договор со Рома.

Тотенхем за потписот на Заниоло е спремен да понуди 23 милиони евра плус Тоби Алдервајлед, па целиот трансфер би изнесувал околу 50 милиони евра.

Рома е спремна да ја прифати понудата бидејќи не сака да го продаде својот „бисер“ на големиот ривал, притоа ќе добие адекватна замена за Костас Манолас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…