Дома Фудбал Англија „Билд“: Роналдо се нуди на Борусија Дортмунд

„Билд“: Роналдо се нуди на Борусија Дортмунд

Кристијано Роналдо и понатаму е во потрага по нов клуб. Португалецот сака да се пресели во клуб со кој ќе игра во Лигата на шампионите, но засега ниту еден голем клуб не покажал сериозен интерес.

Германски „Билд“ тврди дека неговиот агент Жорге Мендеш го понудил Роналдо на Борусија Дортмунд. Интересно е што веднаш по оваа вест на „Билд“ акциите на Борусија се зголемиле за 2.3%.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Би-Би-Си“ претходно објави дека Роналдо негативно влијае на атмосферата во тимот на Јунајтед кој има два порази во првите два натпревари во Премиер лигата против Брајтон и Брентфорд.

До крајот на преодниот рок нема уште многу, завршува на 1. септември, па така наскоро и дефинитивно ќе биде познатата и иднината на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…