Дома Трансфер зона Билд: Крос во трансфер вреден 75. милиони евра го напушта Реал Мадрид!?

Билд: Крос во трансфер вреден 75. милиони евра го напушта Реал Мадрид!?

Германскиот репрезентативец и еден од најстандардните играчи на Кралевите, Тони Крос според пишувањата на Билд веќе во јануари би можел да ја промени средината.

Дека зимата пред нас ќе биде интересна докажува и веста на гермаскиот весник. Според нивните извори можна е понуда од 75 милиони евра или спектакуларна размена на играчи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Манчестер Јунајтед наводно веќе подготвува понуда на адреса на Реал Мадрид. Оле Гунар Солскјер во Германецот гледа играч кој му е потребен за неговиот систем на игра.

Сепак, Реал Мадрид веројатно ќе понуди солуција која изгледа и најреална во оваа ситуација.

Пол Погба е незадоволен со статусот во Манчестер и веројатно Перез ќе го побара како замена за поранешниот играч на Баерн, за кој ова не е прв пат да биде на радарот на најголемите англиски клубови.

Доколку не се пронајде решение, Кралевите ќе размислат за опцијата да го продадат Крос и парите да ги вложат во помлади алтернативни мети од видот на Нголо Канте и Бруно Фернандес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …