Дома Фудбал Билд: Баерн се подели на два клана. Еве кој е за, а кој против Тухел

Билд: Баерн се подели на два клана. Еве кој е за, а кој против Тухел

Бaерн го тресе голема криза. По поразот од лидерот Баер Леверкузен (3:0) со кој актуелниот шампион ја зголеми разликата до единствениот конкурент за титулата и загубениот прв натпревар од првата нокаут рунда од Лигата на шампионите кај Лацио (1:0 ), следеше нов шок. Баерн загуби и од просечниот Бохум (3:2) во Бундеслигата за трет пораз во низа. Последен пат тоа му се случило во пролетта 2015 година.

Незапирливиот Леверкузен повторно победи, па Баерн сега заостанува 8 бода зад водечкиот тим. Со оглед на тоа дека Леверкузен победува во серија, а Баерн исто толку губи, па разликата меѓу нив е се поголема, на 12 кола пред крајот, се поставува прашањето дали ова е прва сезона по 11 во која Баерн нема да ја освои титулата во Германија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој веќе е елиминиран од купот од третолигашот Сарбрикен, а настапот од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите кај Лацио не дава оптимизам пред реваншот.

Поради сето горенаведено, се повеќе се зборува дека Томас Тухел нема да издржи ниту една година на клупата на Баерн. Тој кон крајот на март минатата година стана тренер на најголемиот германски клуб и веднаш испадна од Лигата на шампионите и Купот, а германската титула ја освои само затоа што Борусија Дортмунд неверојатно му ја предаде.

Кризата ја подели соблекувалната на два клана

Сите инсајдери кои го следат Баерн се согласуваат дека Тухел ја загуби соблекувалната затоа што јавно ги критикува ѕвездите, но и затоа што како тежок лик никогаш не се доближил до најважните играчи.

Билд, најчитаниот германски медиум, објави дека соблекувалната се поделила на две групи. Според овој извор, играчите кои се уште се зад Тухел: Мануел Нојер, Рафаел Гереиро, Џамал ​​Мусиала, Лерој Сане, Хари Кејн и Ерик Дајер.

Против тренерот се Џошуа Кимих, Леон Горецка, Томас Милер, Матијс де Лихт, Матис Тел и Серж Гнабри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа испрати порака која ќе го „стресе“ Мадрид, а го спомена и Мурињо

Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот игра против Бенфика во натпревар кој носи огромен влог.…