Дома Фудбал Останато Бизнисменот кој го организирал летот прогласен за виновен за смртта на Емилијано Сала

Бизнисменот кој го организирал летот прогласен за виновен за смртта на Емилијано Сала

Дејвид Хендерсон е прогласен за виновен пред судот во Кардиф за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој загина во авионска несреќа.

Бизнисменот го органзираше трагичниот лет и беше прогласен за неисполнување на безбедносните протоколи со што придонел да се случи авионската несреќа. Несреќата се случи на 21. Јануари 2019 година, а телото на Сала се пронајде дури еден месец по несреќата, додека телото на пилото Дејвид Иботсон никогаш не се пронајде.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Десет од 12-те судии во Кардиф го прогласија Хендерсон за виновен. Инаку, претходно беше потврдено дека пилотот Иботсон кој не бил првпат да лета за Хендерсон немал дозвола за комерцијален лет, ниту пак бил квалификуван да управува со авионот во ноќни услови кога и се случи трагедијата.

Ќе потсетиме 28-годишниот Сала требаше да се пресели во Кардиф со кој имаше и потпишано договор. Француски Нант се согласи да го продаде за 15 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн Минхен се откажа од ѕвездата на Челси!?

Во последните 24 часа, откако пропадна трансферот на напаѓачот Ник Волтемајде од Штутгарт,…