Дома Фудбал Англија Бизарна ситуација: Нотингем ги смени двата стопери по само седум минути!

Бизарна ситуација: Нотингем ги смени двата стопери по само седум минути!

Попладнево во Премиер лигата вообичаено се играат натпревари од 16:00 часот, а на самиот почеток на овие средби видовме и една необична ситуација.

Тренерот на гостинскиот Нотингем Форест, Купер мораше да направи две измени после само седум минути игра. Секако, стануваше збор за повреди и теренот на самиот старт го напуштија Ворал и Фелипе, а на нивно место влего Боли и Мекен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваква ситуација барем во поблиска иднина не се памети на фудбалските терени, ќе видиме како ќе функционира Нотингем во следните минути од средбата. Ќе потсетиме, Нотингем е тим кој во летниот и зимскиот преоден рок доведе вкупно 30 засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има нов спортски директор

Јувентус веќе долго време бара нов спортски директор по неуспехот со Кристијано Ѓунтоли. Н…