Една чудна ситуација ни пристигнува од Турција.
Имено, турскиот фудбал сојуз овие денови започнал истрага против второлигашот Акисарспор затоа што во клубот довел Нигериец кој воопшто не бил фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Станувало збор за „фудбалерот“ со името Маринс Чисом Онуебуеке. Нигериецот во клубот пристигнал во јануари и бил промовиран. Од неговата промоција не одиграл ниту еден натпревар, а не ни бил во протоколот за некој натпревар. Изгледа од клубот задоцниле со реакцијата да проверат кого купуваат.
Сега тие ќе мораат да дадат објаснување пред повисоките органи зошто и кој е тој Онуебуеке.
Инаку, Нигериецот друго го издало дека не е фудбалер што засега не е познато, не е само поради неиграњето затоа што овој клуб во јануари доведе дури 27 фудбалери и од нив 13 само настапија досега.