Лионел Меси е во центарот на вниманието откако синоќа стана јасно декка побарал да си замине од Барселона.
Аргентинецот испратил факс во клубот со кој го известува дека сака да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе почнаа шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а сега се огласи и бившиот агент на Меси, Жосеп Марија Мингеја.
Според него Меси нема да се пресели во Англија, туку веќе го избрал Интер за своја следна дестинација.
„Според мене Меси веќе има нов клуб. Тоа е Интер. Во Италија плаќаат помали даноци и тоа може да биде клучно. Притоа, таму е и Кристиано Роналдо“.
„Многу ми е потешко да го видам Лео во Англија, независно од пријателството кое го има со Гвардиола и Агуеро“, истакна Мингеја.