Дома Фудбал „Бејл не ни знае кој е Предраг Мијатовиќ“

„Бејл не ни знае кој е Предраг Мијатовиќ“

Менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет тврди дека Бејл не знае кој е Предраг Мијатовиќ.

Изјавата на Предраг Мијатовиќ за Герет Бејл која ја даде пред еден месец стана култна. Легендарниот ас на Реал изјави дека на Велшанецот голфот му е на првото место, Велс на второто, а Реал Мадрид на третото. Таа изјава дури стана и парола на знамето на Велс при прославата на пласманот на Европското првенство.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Џонатан Барнет, агент на Бејл сега му одговори на Мијатовиќ.

„Герет добро знае што пишуваше на тоа знаме. Сето тоа беше за медиумите кои пишуваат глупи приказни зимајќи ги во предвид изјавите на луѓе кои не го познаваат Бејл. Ниту Герет не знае кој е Мијатовиќ“, изјави Бернет.

Бернет тврди и дека Бејл не побарал да замине од Мадрид.

„Да бидам јасен – Герет не побарал да замине од Реал, ниту ќе бара такво нешто додека има договор со клубот. И во Мадрид се задоволни од него. Статистиката не лаже, со Бејл на теренот шансите Реал да победи се поголеми. Кога е целосно спремен, тој и понатаму е еден од најдобрите во светот“, заврши агентот на Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Поранешниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас е водечки кандидат за тренер на Рома која по за…