Бразилецот Винисиус Жуниор во реваншот против Лајпциг постигна гол за 1-1 и пласман на Реал Мадрид во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).
Винисиус направи срамен потег и имаше среќа што не заработи црвен картон, а ситуацијата ја коментираше поранешната легенда на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Навистина не можам да го разберам тоа што го направи Винисиус. Замислете голот кој му беше поништен на Лајпциг во првиот натпревар, да беше поништен за Реал. Сега сите ќе зборувавме дека УЕФА не нѐ сака и е против нас. Треба да се биде објективен и да се каже дека Винисиус многу лесно можеше да биде исклучен и според мене го заслужи тоа. Во такви натпревари треба да се внимателен“, гласеше изјавата на Мијатовиќ.
Критиките од Мијатовиќ не му се допаднаа на Бразилецот кој се пожали до управата на шпанскиот гигант.
„Не разбирам како може некој како него да критикува фудбалери на Реал Мадрид, каде што играл во минатото“, се пожалил Винисиус.