Дома Фудбал Останато Бејл и Дибала играа ФИФА, изненадија со изборот на тимовите (ВИДЕО)

Бејл и Дибала играа ФИФА, изненадија со изборот на тимовите (ВИДЕО)

Поради пандемијата од коронавирусот клубовите побараа од своите играчи да бидат во изолација и да ја следат индивидуалната тренинг програма за да останат во форма.

Во таква ситуација најголемите ѕвезди бараат начин како да се забавуваат. Така вчера Герет Бејл и Паоло Дибала играа еден против друга ФИФА 20. Дибала и Бејл изненадија со изборот на клубовите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дибала се реши за Реал Мадрид, а Бејл за Манчестер Сити. Фудбалерот на Јувентус на крајот беше поуспешен со 3:1. Еден од головите за Дибала го постигна токму со ликот на Бејл.

Инаку, Дибала е еден од заразените со коронавирусот. Дибала прво направи тест кој покажа дека е негативен, меѓутоа на вториот се покажа дека вирусот се уште е во неговото тело иако Аргентинецот не чувствува симптоми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве колку заработи Барселона од освојувањето на Суперкупот

Во фасцинантното финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона ја победи Реал Мадрид во Џеда, Са…