Дома Фудбал Бејл е голем проблем за Реал: Со таква плата може да оди само во Кина!

Бејл е голем проблем за Реал: Со таква плата може да оди само во Кина!

Герет Бејл е „отпишан“ од страна на Зинедин Зидан, но Велшанецот ќе биде голем проблем за Реал Мадрид бидејќи тешко ќе се најде клуб кој ќе сака да ја плаќа неговата „астрономска“ плата.

Веќе неколку месеци Бејл се поврзува со трансфер, но Реал не може да најде купец. Неговата плата од 17 милиони евра, како и високото обештетување ги одбиваат заинтересираните клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во моментов се чини дека единствено решение Бејл да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ е да се пресели во Кина.

„Мислам дека во моментов најголеми се шансите Бејл да замине во Кина. Ако сака да ја задржи платата што ја има во Реал не може да се врати во Премиер лигата. Доби зелено светло за заминување, но во моментов Кина е единствена опција за него“, изјави поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд.

И неговиот агент Џонатан Барнет призна дека Бејл не е спремен да прифати помала плата и дека има понуда од Кина.

„Бејл сака да остане, но не сум сигурен дека Мистер Зидан го сака истото. Според моето мислење, Бејл е еден од тројцата најдобри фудбалери во светот, но Мистер Зидан не мисли како мене. Ако некој го сака Бејл треба да му ја гарантира платата која ја има во Реал“, изјави Барнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…