Герет Бејл повторно е на удар на шпанската јавност поради одлуката да заигра за неговата татковина, откако претходно се пријави за повреден во Реал Мадрид.




Бејл пријавил до докторите на „кралскиот“ клуб дека е повреден и не може да игра, а потоа кажал дека се чувствува добро и сака да игра со репрезентацијата.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Сепак, фудбалерот повторно се пријавил за повреден по враќањето во Мадрид, каде што ќе тренира индивидуално, а тоа многумина го гледаат како провокација.




Бејл последен пат за Реал заигра на 28 август против Бетис, по што се повреди на септемврските квалификации и од тогаш е повреден.




Велшанецот ја игра последната сезона во Реал Мадрид и јасно е дека на лето ќе си замине како слободен агент.