Велшанецот Герет Бејл постигна два гола за Тотенхем во победата над Лестер во завршната рунда од Премиер лигата.
Со оваа победа клубот од Лондон се избори за пласман во Европа наредната сезона. Сега останува да се види дали Бејл ќе остане во Тотенхем со оглед на тоа дека изминатата сезона помина како позајмен играч од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлуката за неговата иднина Бејл веќе ја донел, но како што кажа не сака да ја соопшти затоа што ќе предизвика хаос.
„Се ќе дознаете после Европското првенство. Знам што ќе направам, но ако сега ви ја соопштам одлуката ќе направам хаос. Во овој момент фокусиран сум на она што следи, сега на ред на ЕП со Велс“, изјави Бејл.