Се обидуваше управата на Бешикташ да го доведе Жозе Мурињо за нов тренер, но место тоа Португалецот на крајот заврши во редовите на нивниот ривал, Фенербахче.
Фановите на Бешикташ беа разочарани, меѓутоа сега се најавува одговорот кој го подготвува овој тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најавите се дека Бешикташ на клупата би го довел Хрватот, Славен Билиќ. Билиќ веќе еднаш го предводеше Бешикташ и тоа во периодот од 2013 до 2015 година.
Во овој момент тој е тренер на саудискиот Ал-Фатег и се претпоставува дека управата на турскиот гигант ќе успее да се договори со клубот од Саудиска Арабија.
Како „план Б“ во ако не успее да го доведе Билиќ, се споменуваше и Оле Гунар Солскјер.