Дома Фудбал Лига на шампиони Бешикташ ги обвинува судиите: Ова е вистински кошмар!

Бешикташ ги обвинува судиите: Ова е вистински кошмар!

Тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш, не сакаше да го коментира натпреварот во Киев, каде неговиот тим доживеа дебакл од Динамо, бидејќи стравува дека ќе добие казна од УЕФА.

Бешикташ во клучниот натпревар од ЛШ доживеа дебакл од 6:0 протув Динамо Киев со голема помош на шкотскиот судија Крег Томпсон.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шкотскиот арбитар, при водство на Динамо 1:0, во 30 минута досуди во најмала рака спорен пенал за домаќинот и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Бешикташ, Бек. Домаќините поведоа со 2:0, а во самиот финиш на првиот дел играчите на украинскиот тим постигнаа уште два гола.

„Поразот боли, ова не го заслуживме. Не сакам да коментирам, бидејќи ќе ме казнат. Ова беше вистински кошмар. Првиот гол заслужено го примивме, но вториот беше голема грешка. Ист третман имавме кај судиите и на мечвите со Наполи и Бенфика“, изјави Гунеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Објавено видео од соблекувалната на Манчестер сити: Гвардиола во вакво издание не сте го виделе 🎥

Фудбалската јавност е во исчекување на документарецот „Together: 4-In-A-Row“ кој ќе биде п…