Долго време Јувентус преговараше и беше блиску да го доведе Жан Клер Тодбио, а на крајот таквата ситуација изгледа ќе ја искористи Вест Хем.
Клубот од Премиер лигата одлучи брзо да реагира и со Ница се договори околу трансферите.
„Чеканите“ наводно прифатиле да платат 40 милиони евра и го договориле процентот од неговата следна продажба. Токму процент бил најголема пречка во преговорите со Јувентус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус така останува без уште едно посакувано име во одбраната бидејќи претходно Калифиори место во Торино заврши во Арсенал.
Тодибо е фудбалер кој во 2019 година од Тулуз се пресели во Барселона, но откако не доби вистинска шанса во Каталонија настапуваше за Шалке и Бенфика, Ница го откупи неговиот договор во 2021 година за 8.5 милиони евра.
Враќањето во Франција за него беше вистински потег бидејќи одново почна да прикажува настапи на највисоко ниво.