Дома Фудбал Италија Беше голем талент на Милан, денес пропаѓа во Казакстан и Тајланд!

Беше голем талент на Милан, денес пропаѓа во Казакстан и Тајланд!

За играчот за кого ќе пишуваме подолу ќе се сетата само оние најзагреани фанови на Милан, со оглед на тоа што во 2010 година беше најавуван како „чудо од дете“.

Доминик Адијах е роден 29-ти ноември 1989 година, игра на позиција напаѓач, а веста дека за него Милан плати 500.000 евра за да го донесе на „Сан Сиро“ од норвешки Фредрикштад, одекна во светските медиуми.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Адијах им падна во око на скаутите кога беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот и Златна копачка на Светското првенство до 20 години во 2009 година.

Милан тогаш ја победи конкуренцијата и го донесе на „Сан Сиро“, а тренер на „росонерите“ тогаш беше Леонардо, кој не му даде ниту една прилика, па Адијах имаше нула настапи за неколку месеци во Милано.

Потоа за него почна серијата на селидби. Настапуваше за Реџина, 13 пати и постигна еден гол. Па беше позајмен на Партизан во 2011 година, а Арсенал Киев го откупи неговиот договор во 2012, но ни таму не ги задоволи критериумите.

Потоа Африканецот се пресели во Казакстан каде негов прв клуб беше Атирау, а после неколку месеци премина во друг клуб.

Денес мирот го најде во тајландското првенство каде настапува за Након Ратчазима, каде е стандареден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…