Дома Топ вести Беше голема надеж на Реал, но во 2015 изненади со одлуката да ја заврши кариерата

Беше голема надеж на Реал, но во 2015 изненади со одлуката да ја заврши кариерата

Низ академијата на Реал Мадрид секоја година поминуваат многу фудбалери, но не успеваат сите да остварат голема кариера и да дојдат до првиот тим на „кралевите“.

Голема надеж на Реал некогаш беше Иван Саез, од него многу се очекуваше. Саез ги помина сите младински категории на Реал Мадрид, но никогаш не доби шанса во првиот тим.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Меѓутоа се очекуваше да прифати да оди некаде во друг клуб на позајмица за да го стекне потребното искуство, но тој такво нешто одби. Во 2015 година ги шокираше сите кога на 20 години стави крај на играњето фудбал.

Саез во разговор за „Марка“ зборуваше за се што се случувало и објасни зошто одлучил да ја прекине кариерата. Многумина кои во тоа време следеа што се случува во Реал Мадрид ќе кажат дека станува збор за исклучително талентиран играч. Саез играше на позицијата стопер.

Се издвојуваше во својата генерација и од кадетите беше префрлен во резервниот тим. Меѓутоа еден ден одлучи дека фудбалот не е оној сон како некогаш.

„Првата работа која ја направив беше бришењето на сите фудбалски контакти кои ги имав во телефонот, се одјавив од друштвените мрежи. Сфатив дека некои работи во кои верувате не се вистински. Верувам дека секогаш носев добри одлуки и не дозволувам коментарите на другите да влијаат на моето мислење“, изјави Саез.

Тој тогаш во во Реал беше во генерацијата на Раул Де Томас, Маркос Љоренте, Марио Хермосо…Беше голема надеж, а тогаш стави крај и започна приватен бизнис.

„Во последната година од договорот бев во резервниот тим и тоа беше лоша сезона за нас. Имав шанси да си заминам на средина од сезоната, но не сакав. Добив понуди и кога сезоната заврши, но кога сфатив дека ниту една од нив не ми е предизвик донесов одлука да кажам крај иако бев млад. Ја завршив кариерата и се посветив на некои други работи. Промената ми годеше и работам како приватен тренер. Вака сум повеќе среќен и исполнет, навистина уживам во животот“, изјави Саез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фотографијата руши рекоди: Меси го држи во раце 6-месечниот Јамал📷

Ламин Јамал со 16 години ги собори сите рекорди со Шпанија на Европското првенство и покаж…