Дома Трансфер зона Бернардо Силва ја коментираше можноста да се пресели во Барселона

Бернардо Силва ја коментираше можноста да се пресели во Барселона

Пред една година Бернардо Силва беше на излезни врати од Манчестер Сити, но сега 12 месеци подоцна ситуацијата му е поинаква затоа што одигра одлична сезона.

Силва беше еден од најважните играчи на Гвардиола во освојувањето на Премиер лигата. Пеп Гвардиола и самиот во неколку изјави потенцираше колку работите можат да се променат, меѓутоа медиумите и понатаму гледаат сценари ово кое Португалецот би можел да го напушти Манчестер ова лето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во последно време Бернардо Силва се поврзуваше со Барселона, а сега прашање на оваа тема добил и самиот фудбалер.

„Барселона? Во овој момент не можам да кажам ништо, почекајте…Сконцентриран сум на репрезентацијата кога се ќе заврши тогаш може да зборуваме. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Бернардо Силва.

Најголем проблем во целата ситуација за Барселона може да биде тоа што Силва има договор со Сити до 2025 година и „граѓаните“ сигурно за него нема да бараат мала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…