Дома Фудбал Лига на шампиони „Бернардо Силва е еден од најдобрите фудбалери кои сум ги видел во животот“

„Бернардо Силва е еден од најдобрите фудбалери кои сум ги видел во животот“

Maнчестер Сити вчера го понижи Реал Мадрид славејќи победа од 4:0 и со вкупни 5:1 ги елиминираа „кралевите“ од најелитното европско натпреварување.

Пеп Гвардиола секако беше пресреќен по победата на неговиот тим. Како што изјави шпанскиот стратег, поразите на Сити од минатата сезона биле посебен мотив да го дадат најдоброто од себе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во овие завршни натпревари во сезоната игравме со болки од минатата. Разговаравме пред мечот и ѝм кажав: Сакате ли да играте против Интер? Ако сакате тогаш излезете и победете го Реал. Момците одиграа фантастично“, изјави Пеп.

Гвардиола посебни пофалби имаше за Бернардо Силва кој ги постигна двата гола во првото полувреме.

„Бернардо Силва дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш сум ги видел во животот“, истакна Гвардиола.

Сезонава Манчестер Сити има прилика за тројна круна бидејќи е блиску до трофеј во Премиер лигата, а ќе играат финале и во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мареска нема милост – брутално отпиша две ѕвезди: Повеќе за нив нема место во Челси!

Неверојатно нешто направи менаџерот на англискиот гигант Челси – Енцо Мареска. За не…