Италијанците поради поразот од Македонија во март пропуштаат втор Мундијал во низа, од таборот на Италија не кријат дека ги боли тоа што како актуелни европски шампиони не се дел од Светското првенство.
Колку им е тешко во јавноста сега зборуваше и поранешниот фудбалер на Јувентус, Федерико Бернардески. За Бернардески е апсурдно што е европски шампион, а што никогаш не играл на Светско првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Боли, сите знаеме дека заслужуваме да бидеме таму. Земја со толку успеси во минатото мора да учествува. Неверојатно ми е кога ќе помислам дека сум европски шампион, а никогаш не сум играл на Светско првенство“, изјави Бернардески.
Испрати поддршка до неговите поранешни соиграчи и пријатели Данило и Алекс Сандро од Бразил.
„Би се обложил на Бразил, имаат одличен тим. Таму се моите пријатели Данило и Сандро. Но тука се уште Франција и Шпанија“, истакна Бернардески кој сега го носи дресот на Торонто.