Дома Топ вести Бенитез тргнува во последна офанзива на Јоветиќ

Бенитез тргнува во последна офанзива на Јоветиќ

Рафа Бенитез панично бара напаѓач, а прв пик за него и понатаму останува Стеван Јоветиќ. Како што тврдат италијанските медиуми, Њукасл ќе тргне во последна офанзива за купување на црногорскиот офанзивец.

Матичниот клуб на Јоветиќ, италијански Интер, досега ги одбиваше сите налети од островот, но со оглед на тоа дека се ближи крајот на преодниот рок, можно е да дојде до промена на ставот кај „Нероазурите“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Миланскиот великан за Јоветиќ одреди цена од 17 милиони евра, а неговиот договор со Интер истекува во јуни 2019 година.

Црногорскиот фудбалер вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во шпанска Севилја, каде остави добар впечаток, па и тој клуб се споменуваше како заинтересирана страна за откупување на неговиот договор.

Евентуалниот потпис за Њукасл ќе значи и враќање на Јоветиќ во Премиер лигата, каде играше од 2013 до 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…