Новото раководство на Њукасл сака да го врати клубот на врвот на англискиот фудбал и веќе го започна скапиот проект.
Новиот сопственик од Саудиска Арабија најпрво сака да донесе етаблирано тренерско име, а последните информации од Островот се дека започнале преговори за враќање на Рафа Бенитез на кормилото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бенитез засекогаш ќе остане во срцето на навивачите на Њукасл затоа што остана во клубот кога тој испадна во Чемпионшип лигата, го врати во Премиер лигата, а во наредните две сезони го доведе клубот на безбедна позиција на средина на табелата и замина поради недоразбирање со Мајк Ешли.
Бин Салман и понатаму чека потврда за преземање на клубот за 300 милиони евра, а потоа се очекува уште толку да бидат вложени во изградба на силен тим.
Бенитез ќе доние огромен буџет за засилувања, а на листата се наоѓаат Баркли од Челзи, Стоунс од Манчестер Сити и Игуаин од Јувентус.
Новите сопственици сакаат да донесат и една голема фудбалска ѕвезда, па ќе се обидат да го купат и Кутињо од Барселона.