Дома Фудбал Италија Бенитез открива каде лежел проблемот: За се е виновен Морати…

Бенитез открива каде лежел проблемот: За се е виновен Морати…

Шпанскиот стратег смета дека не било до него.

Интер по освојувањето на Триплета 2010. година мораше да пронајде ново решение на клупата затоа што Жозе Мурињо триумфално го напушти клубот.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Изборот падна на Рафа Бенитез што навивачите не го поздравија со воодушевување, на крајот се испостави дека биле во право, со оглед на тоа дека Шпанецот е сменет по само шест месеци.

Тој период го означи и падот на „Нероаѕурите“ од кој дури изминатата сезона до некаде закрепнаа.

„Го освоив Купот на Италија и светското клупско првенство. Морати е џентлмен, но тој толку го сака Интер што не можеше да ги гледа работите рационално. Правеше се за своите играчи и затоа беше нервозен кога загубивме“, смета менаџерот на Њукасл.

„Сенаторите ме поддржаа, Самјуел, Камбијасо, Кордоба, Милито и Занети. Ето постигна 18 погодоци под мое водство. Сакав да ја подмладам екипата, но Морати не сакаше да ги продаде своите деца. Имавме 15 играчи со преку 30 години, но паднавме во проблем со финансискиот фер-плеј. Тоа го дознав доцна бидејќи пазарот веќе беше затворен“, откри Бенитез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Австрија ја испрати Полска дома

Репрезентацијата на Австрија со 3:1 ја совлада репезентацијата на Полска и направи голем ч…