Дома Фудбал Бензема ќе го тужи францускиот министер кој го обвини за соработка со терористи

Бензема ќе го тужи францускиот министер кој го обвини за соработка со терористи

Поранешниот француски репрезентативец Карим Бензема најави тужба против францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој го обвини напаѓачот на Ал-Итихад дека одржува врски со терористичката организација Муслиманско братство.

„Поранешниот напаѓач на „сините“ и минатогодишен добитник на „Златната топка“ беше цел на министерот Дарманин, откако во неделата објави порака за поддршка на жителите на Газа на „Х“ (поранешен Твитер).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Карим Бензема има врска, како што сите знаеме, со Муслиманското братство“, рече Дарманин во понеделникот на каналот CNews, предизвикувајќи бура на социјалните мрежи.

Некои, исто така, ја критикуваа фудбалската ѕвезда дека не изрази сочувство за израелските жртви на масовните убиства и злосторства извршени од исламистичкото движење.

На тврдењата на министерот реагираше и сенаторката Валери Бојер, која побара на Бензема да му се одземе француското државјанство.

„Ако коментарите на министерот се вистинити, мора да размислиме за санкции против Бензема“, рече Бојер.

Адвокатот на Бензема ги осуди обвинувањата на францускиот министер за внатрешни работи, најавувајќи правна постапка.

„Ве молам дозволете ми краток одговор, тоа е апсолутно неточно. Немам многу да кажам за тоа. Карим Бензема би можел сам да го потврди, тој нема никаква врска со Муслиманско братство“, изјави адвокатот на Бензема Хјуг Вижие на радио RMC.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…