Карим Бензема го постигна решавачкиот гол против Манчестер Сити и така му помогна на Реал Мадрид да се пласира во финалето во кое „кралевите“ ќе играат против Ливерпул.




Французинот игра фантастична сезона и е најдобриот играч на „кралевите“. Според многумина токму тој е главниот кандидат за освојување на „Златната топка“. Меѓутоа Ливерпул има и дополнителна причина да стравува од Бензема.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сезонава Бензема постигна седум голови против англиските тимови, такво нешто не му успеало на никој друг. Треба да се спомене и дека Бензема на последните пет натпревари против Ливерпул во најелитното европско натпреварување има четири гола.