Карим Бензема за Европското првенство ова лето се враќа во репрезентацијата на Франција, откако претхопдно беше дел од селекцијата во 2015 година.
Најдобриот француски напаѓач во изминатите години не беше дел од репрезентацијата поради скандалот со Валбуена. Сега Дидие Дешамп го врати и таквиот негов потег беше дочекан со огромно одобрување од француската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите по враќањето на Бензема пишуваа за односот помеѓу него и Жиру со оглед на тоа дека едно време и јавно си испраќаа провокации еден кон друг. Ќе потсетиме пред извесен период кога беше запрашан за своите и квалитетите на Жиру, Бензема одговори дека картинг не може да се споредува со Формула 1.
Бензема сега порача дека нема никаков проблем со Жиру.
„Воопшто нема проблем со нас, напротив секогаш разговараме еден со друг и си честитаме за успесите. Верувајте се ќе биде како порано“, изјави Бензема.