Дома Фудбал Останато Бензема губи многу пари поради случајот со Валбуена

Бензема губи многу пари поради случајот со Валбуена

Францускиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема беше осуден во ноември минатата година поради уцена, но на својот поранешен соиграч никогаш не му го исплати износот кој му остана должен.

Судот му нареди на Бензема да плати сума од 250.000 евра на Валбуена поради уцената со експлицитни сники, а откако напаѓачот не го направи тоа, парите ќе му бидат одземени од банкарската сметка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бензема во 2015 година заедно со уште четири лица се обидел да изнуди од 50.000 до 100.000 евра од поранешниот колега од француската репрезентација, поради што селекторот Дидие Дешам го исфрли фудбалерот на Реал Мадрид од селекцијата.

Одбраната на Бензема бараше сумата од 230.000 евра да не се исплати затоа што планираат да се жалат, но ниту тоа не му помогна на Французинот да остане без пари.

Валбуена прво сметал дека Бензема му дава пријателски совети, кога му кажувал како да постапи, меѓутоа на крајот се покажа дека тоа бил организиран „грабеж“ врз фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…