Италијанскиот клуб Милан соопшти дека Бенасер денес бил успешно опериран поради повреда на коленото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алжирскиот интернационалец ќе биде надвор од терените шест месеци.
Бенасер се повреди на првиот полуфинален меч против Интер и беше принудно заменет во 18-та минута.
„Милан објавува дека Исмаел Бенасер утринава го оперираше десното колено во Лион.Корекцијата на оштетеното место е успешно изведена од докторот Бертран Сонери Коте, во присуство на клупскиот доктор на Милан, Стефано Мацони. Периодот за рехабилитација ќе биде отприлика шест месеци“, стои во соопштението на клубот.