Дома Трансфер зона Белоти ја напушти Рома и ја засили Фиорентина

Белоти ја напушти Рома и ја засили Фиорентина

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти после година и половина ја напушти Рома и се пресели во Фиорентина.

Белоти не добиваше голема минутажа во Рома, па доби дозвола од Де Роси слободно да си бара нов клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Популарниот „Петел“ се сели во Фиорентина на позајмица со крајот на сезоната. „Виолетовите“ за позајмицата ќе платат 750,000 евра, а во договорот нема опција за откуп по завршување на сезоната што значи дека фудбалерот ќе се врати во Рома.

Белоти забележа 14 настапи за Рома од стартот на сезоната и запиша три гола и две асистенции, но сака да игра во клуб каде ќе има поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…