Напаѓачот на Торино Андреа Белоти на лето ќе се пресели во екипата на Милан, пренесува новинарот на „Скај“ Руди Галети.
Белоти помина пат од човек кој Торино не сакаше да го продаде ниту за цент помалку од 100 милион иевра кога интерес за него покажуваа екипи како Тотенхем и Арсенал до напаѓач кој без оштета ќе го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Белоти и Милан се договориле за соработка и од лето тој ќе биде нов играч на „росонерите“. Белоти во Торино е од 2015 година и прерасна во вистинска легенда клубот. Сезонава имаше проблеми со повреда па одигра само 12 натпревари и постигна четири гола.