Дома Трансфер зона Белоти на продажба по „дисконтна“ цена

Белоти на продажба по „дисконтна“ цена

Андреа Белоти минатото лето беше трансфер мета на многу европски гигнати, но Торино не сакаше да го продаде напаѓачот за сума помала од 100 милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека Торино е спремен да го продаде Белоти на крајот на сезоната и тоа за „само“ 50 милиони евра, што не е изненадување после лошата сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


24-годишниот напаѓач има договор со Торино до 2021 година и во него откупна клаузула од 100 милиони евра, а минатото лето „биковите“ одбија понуди од 70 милиони евра.

Меѓутоа, „Петелот“ оваа сезона е ло лоша форма и постигна само 6 гола до сега, па Торино е спремен да го продаде за „само“ 50 милиони евра.

Главен кандидат за неговиот потпис е Милан, кој е спремен да ја плати оваа сума, меѓутоа интерес покажуваат уште Атлетико Мадрид, Челзи и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…