Дома Трансфер зона Белоти наскоро на прегледи во Рим

Белоти наскоро на прегледи во Рим

Андреа Белоти е се поблиску до трансфер во Рома и се очекува во наредните денови да стави потпис на договорот со „волчицата“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ постигнала комплетен договор со италијанскиот напаѓач, Андреа Белоти.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Белоти е слободен агент откако му заврши договорот со Торино, моментално е без клуб и сака да остане во Серија А.

„Петелот“ не ја крие желбата да им се придружи на „волците“, а сега патот за тоа е отворен, откако Римјаните ја продадоа својата млада ѕвезда Феликс Афена-Џијан на Кремонезе.

Белоти ќе потпише со клубот од Рим на 3 години, платата ќе му биде 2,8 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…