Денес во 16 часот репрезентациите на Белгија и Англија по втор пат ќе ги одмерат силите на Мундијалот, но овој пат за освојување на бронзата.
Двата тима се сретнаа во последното коло од групната фаза, кога „црвените ѓаволи“ победија со 1:0, но овој натпревар ќе биде сосема поразличен бидејќи ќе биде битка за третото место на Мундијалот.
Разочарувањето е огромно, но бронзата може да ја врати насмевката
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Разочарувањето кај избраниците на Роберто Мартинез и Герет Саутгејт со сигурност е огромно, бидејќи двете селекции имаа за цел да го освојат Мундијалот. Сепак, тоа не значи дека ќе гледаме неинтресен натпревар бидејќи Белгја има шанса да постигне историски успех и да го надмине 4-то место освоено во 1986 година. Англија пак ќе се обида да го забележи најдобриот пласман после 1966 година, кога ја освои единствената титула.
Посебен мотив е дека само победникот од вечерашниот дуел во Санкт Петербург ќе добие медали, а и премиите за трето и четврто место не се исти. Интересна ќе биде битката за најдобар стрелец, Хари Кејн има 6 гола, а Лукаку кој има 4 постигнати гола ќе се обиде да го стигне капитенот на Гордиот Албион.
Англија ќе менува, Белгија не
Очекувањата се сепак Белгија да биде помотивирана и Роберто Мартинез нема да направи скоро никакви промени во тимот. Во стартниот тим се враќа Тома Муние, кој го пропушти мечот со Франција поради жолти картони. Аксел Вутсел и Маруан Фелаини ќе ја сочинуваат двојката пред одбраната, а Де Брујн ќе биде поместен понапред како дел од офанзивното трио заедно со Лукаку и Еден Азар.
Кај Англичаните се можни неколку промени, но Саутгејт во никој случај не планира да ги пушти резервите како во првиот меч во групата. По десната страна најверојатно денес ќе игра Александер Арнолд, на местото на Трипие кој е повреден. Ерик Даер е фаворит да започне на местото на Деле Али, а шанса од првата минута ќе добијат Дани Роуз, Фабиан Делф и Џејми Варди кој ќе му биде партнер на Хари Кејн.
Веројатни состави:
Белгија: Куртоа, Вертонген, Компани, Алдервајлед, Муние, Витсел, Фелаини, Чадли, Де Брујн, Лукаку, Азар.
Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Мекгвајер, Арнолд, Лингард, Даер, Делф, Роуз, Варди, Кејн.
Според букмејкерите Белгија е благ фаворит во овој дуел. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 2.22 за реми 3.60 додека за победа на Англија коефициентот изнесува 3.10.
Предлог тип:
Двата тима постигнуваат гол @1.52 во Coinbet24
Повеќе од 2,5 гола @1.58 во Coinbet24