Дома Останати Бекер: Банкротирав, но не сум без пари!

Бекер: Банкротирав, но не сум без пари!

becker

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер, потврди дека е во бакрот, но и демантираше дека останал целосно без пари.

Пред неколку месеци во јавноста се појави информацијата дека Борис Бекер банкротирал, а тој и понатаму се наоѓа во тој процес. „Becker Private Office“ и „BB SAR“ не се директно вклучени во сето тоа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Навистина, банкротирав на 21 јуни, но погрешно е да се каже дека сум целосно без пари. Во овој момент се води стечаен против мене. Но моите компании не се директно погодени“, изјави Бекер за германските медиуми.

Бекер истакна дека не ги оспорува барањата на банката, меѓутоа не се сложува со целокупниот износ.

„Банката сега бара 26% од вкупниот износ. Според мене, тоа е од околу три до пет проценти. За жал, банката сега одбива да се сретне со мене и моите адвокати повеќе од една година се обидуваат да го решат проблемот. Уште еднаш ќе повторам, не сум останал без пари, не сум скршен“, изјави Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…