Легендата на англискиот фудбал и еден од највпечатливите играчи во историјата, Дејвид Бекам е нов сопственик на фудбалскиот клуб Мајами кој се натпреварува во американската МЛС лига.
Во текот на едно интервју Бекам помеѓу другото зборуваше за Мундијалот, но и најави голем трансфер во неговиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хрватска покрај Англија, беше репрезентацијата за која навивав на Светското првенство и беа навистина одлични. Наскоро ќе го презентираме тимот за следната сезона, а тука е изградбата на стадиониот. Исто така постои можност за трансфер на еден од најдобрите играчи од репрезентацијата на Хрватска, кој е заинтересиран доаѓање во Мајами“, изјави Бекам, но не откри за кого се работи.
Сепак, поради изјавата дадена неодамна на големо се шпекулира дека тоа би можел да биде играчот кој беше прогласен за најдобар на Мундијалот, Лука Модриќ.
„Јас секогаш зборував дека би сакал да ја завршам кариерата во Реал, имам уште две години од договорот и среќен сум. Но никогаш не можете да знаете што ќе се случи. Ако не ја завршам кариерата во Реал би можел себе си да се замислам во МЛС лигата“, гласеше изјавата на Модриќ.