Наредната сезона МЛС лигата ќе биде побогата за уште еден клуб бидејќи свој претставник ќе има и Мајами.
Имено, Интер Мајами ќе започне да се натпреварува во МЛС од наредната сезона, а припремите за тоа веќе траат подолго време. Познато е дека основач на тој е клуб е легендарниот Дејвид Бекам кој сака во првата сезона да покаже зошто вложил толку труд да основа свој тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира за играчите кои Бекам ќе ги доведе во Интер Мајами и сигурно дека ќе има неколку светски ѕвезди. Кога во прашање е тренерот легендарниот фудбалер изгледа го решил и тоа прашање.
Имено, шпанските медиуми објавија дека првиот тренер на Интер Мајами ќе биде Сантијаго Солари кој минатата сезона го водеше Реал Мадрид. Аргентинецот во овој момент е без работа, а наводно веќе се договорил со Бекам за соработка.
Бекам има неколку тренери на листата желби, а прво го контактирал Солари со кои преговорите наводно оделе добро. Претставувањето на Солари и екипата на Интер се очекува да се случи кон крајот на оваа година.