Дома Македонски спорт Мак фудбал Без Миовски и Алиоски против Азербејџан: Ова ќе биде одличен тест!

Без Миовски и Алиоски против Азербејџан: Ова ќе биде одличен тест!

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра последниот меч за оваа календарска година, против Азаербејџан на арената „Тодор Проевски“.

Селекторот Благоја Милевски нема да смета на напаѓачот Бојан Миовски и дефанзивецот Езѓан Алиоски.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Желбата беше до почеток на евроквалификациите низ овие мечеви да се согледаат сите слабости во играта и да се искреира тимот кој ќе го понесе потоа товарот во следниот циклус. Затоа избравме силни противници, за да увидиме се и максимално да се подготвиме за сите можни варијанти за квалификациите“.

„Финска бешеодличен тест од вториот барабан, Азербејџан е одличен колектив кој ќе ни овозможи исто така квалитетен тест. Ќе има промени во составот во однос на тој со Финска, имаме добра анализа за противникот и сите веруваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат на утрешниот меч“, изјави селекторот Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…