Дома Фудбал Германија Батшауи игра одлично, а ако Борусија сака да го задржи мора да издвои рекордна сума

Батшауи игра одлично, а ако Борусија сака да го задржи мора да издвои рекордна сума

batshuai

Oд невообичаениот „триаголник“ Дортмунд – Челзи – Арсенал, кој се случи во зимскиот преоден рок, барем засега најмногу профитираше Борусија Дортмунд.

За Арсенал да го добие Пјер-Емерик Обамејанг мораше да го продаде Оливие Жиру на Челзи, а тие пак да го продадат Батшуаи на „милионерите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И додека Жиру во Челзи практично не направи ништо, а Обамејанг се уште се уигрува во Арсенал, Мичу Батшуаи на девет настапи за Борусија Дортмунд постигна седум погодоци и во Дортмунд сериозно размислуваат да го откупат Белгиецот од Челзи.

Но за тоа ќе мораат добро да му платат на Челзи кој знае дека клупската каса „милионерите“ не е празна бидејќи Дортмунд го продаде Обамејанг за 65 милиони евра.

Германски „Билд“ пишува дека Борусија ќе мора да плати најмалку 60 милиони евра. Доколку тоа навистина се случи Батшуаи без конкуренција би станал најплатен играч во историјата на Борусија.

Рекордот во овој момент го држи Андре Шурле кој минатото лето беше доведен од Волфсбург за сума од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…