Со влегувањето на богатите тајкуни фудбалот многу се промени.
Одредени клубови од просечни станаа гиганти кои се борат за европските трофеи и застанаа рамо до рамо со гигантите на оваа игра кои имаат богата историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу смета дека никако не е фер други клубови да трошат пари кои не ги заработиле во фудбалот и да ги користат изворите на пари на нивните сопственици.
Бартомеу ги повика ФИФА и УЕФА да реагираат и на вистински начин да водат повеќе грижа за финансискиот фер плеј.
„Не е фер одредени клубови да користат средства и извори на пари кои немаат врска со фудбалот. Погледнете ги Пари Сен Жермен и Манчестер Сити“, изјави Бартомеу и продолжи:
„УЕФА и ФИФА мораат да одредат правила. Мораат да исполнат одредени услови за нивниот финансиски фер плеј да има повеќе смисла. Барселона е најпопуларниот клуб во светот и сите приходи нас ни доаѓаат од спортскиот сектор. Не е фер другите да имаат поинакви извори на пари“, изјави Бартомеу.
Манчестер Сити и Пари Сен Жермен се под констатни истраги на ФИФА, а англискиот клуб сигурно ќе добие некакви санкции, се најавува дури и нивно исфрлување од Европа.