Дома Фудбал Бартомеу за Нејмар: Ништо не се променило!

Бартомеу за Нејмар: Ништо не се променило!

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, не сакаше да коментрира за темата Нејмар, за време на денешното претставување на голманот Нето.

Нејмар веќе некое време се поврзува со враќање во Барселона и наводно веќе на сите им кажал дека сака да си замине од ПСЖ бидејќи ја сфатил грешката која ја направил кога пред две години одлучи да ја напушти Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега и ПСЖ призна дека Нејмар може да си замине ова лето и дека започнале првични разговори со Барселона.

„Официјална понуда за Нејмар немало, но морам да признаам дека имавме контакти со еден шпански тим, а тоа е Барселона. Нејмар на сите им стави до знаење дека сака да си замине од клубот“, изјави спортскиот директор на ПСЖ.

На оваа тема беше запрашан и Бартомеу, кој кратко одговори: „Нема ништо ново. Ситуацијата не се променила од минатата недела“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сагата: Тео Ернандез донел одлука, Милан веќе има замена!

Тео Ернандез најверојатно ќе ја прифати понудата од Ал Хилал. Искусниот француски фудбалер…