Барселона во третото коло од Лигата на шампионите го пречекува Олимпијакос на „Ноу Камп“, ова ќе биде добра прилика за Каталонците повторно да ја вмешаат политиката во спортот.
Екипата на Барселона во последно време стана синоним за мешање на политиката и спортот. Веќе неколку години наназад неколку промовираат независна Каталонија, иако Шпанија на тоа длабоко се противи. Дури им пречеше и што во натпреварот против Лас Палмас на своите натпревари имаа шпански знамиња.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес Барселона објави дека на натпреварот против Олимпијакос ќе биде истакнат голем транспарент од 45-46 метри на кој ќе пишува „Дијалог, почитување и спорт. Со тоа Каталонците сакаат да му порачаат на светот дека преку мирен пат ќе се обидат да пронајат решение за новонастанатата ситуација.
Интересно ќе биде да се види како УЕФА која строго забранува мешање на политиката и спортот ќе реагира на овој настан.