Приоритет за Барселона оваа сезона е Роберт Левандовски.




Најдобриот стрелец на Баерн и Бундеслигата во минатата сезона исто така работи на својот трансфер. 33-годишникот неколку пати изјавуваше дека сака промена и дека повеќе не чувствува ништо за Баерн и Барса ја наведе како можна опција.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Неговиот договор истекува на крајот на наредната година и Баерн во случај да замине сака да заработи на него. Раководството на германскиот тим бара 50 милиони евра за полскиот голгетер.




Според последните информации Барселона испратила понуда од 40 милиони евра плус дополнителни бонуси во висина од пет милиони евра. Оваа понуда е веројатно и нивна последна.




Најавите се дека двете страни сега се блиску до договор и оваа формула 40+5 би можела да биде прифатена од Баерн.