Дома Трансфер зона Барселона тргнува по напаѓачот на Милан!

Барселона тргнува по напаѓачот на Милан!

Барселона е во потрата по напаѓач кој ќе може да го наследи Луис Суарез и веќе направи список со неколку имиња.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека прво име на листата желби е напаѓачот на Милан кој моментално настапува на позајмица во Севиља, Андре Силва.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


23-годишниот португалски репрезентатувец после една сезона помината на „Сан Сиро“ се пресели во Севиља и во Примера целосно ги покажа своите квалитети,

Во договорот постои клаузула според која Севиља ќе може да го откупи Андре Силва на крајот на сезоната за 39 милиони евра. Сепак, клубот од Андалузија има финансиски проблеми и бара од „росонерите“ таа сума да ја плати во неколку рати.

Целата ситуација будно ја следи Барселона, која веќе го информирала Милан дека е заинтересирана за напаѓачот.

„Росонерите“ се спремни да го продадат Португалецот и ја чекаат одлуката на Севиља, за да можат да преговараат со заинтересираните клубови.

Доколку Севиља не го откупи Андре Силва, многу е веројатно дека тој ќе се пресели на „Камп Ноу“ за сума од 40 милиони евра, тврди „Мундо Депортиво“.

Каталонците сметаат дека Силва ќе биде идеален наследник на Луис Суарез, кој веќе влегува во фудбалска здрелост. Португалецот е млад, одлично ја познава лигата и одговара на профилот на напаѓач кој го бара Валверде во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…